(Видео) Авион на Боинг почна да гори, му откажа моторот, мораше итно да слета

Screenshot-2024-06-17-143908.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Патнички авион безбедно слета на аеродром во Нов Зеланд откако избувна пожар и откажа еден од моторите, соопшти националната противпожарна служба, пренесува Асошиејтед прес.

Боингот 737-800 на Virgin Australia летал за Мелбурн, Австралија, но на крајот слетал во новозеландскиот град Инверкаргил. Инцидентот можеби е резултат на „удар од птица“, изјави Стјуарт Агс, главен оперативен директор на авиокомпанијата.

Последиците од ударите на птиците варираат по сериозност во зависност од големината на птиците, реакцијата на пилотот и кој дел од авионот бил погоден. Пламенот во авионот бил забележан веднаш по полетувањето од аеродромот во Квинстаун.

Нема дополнителни информации за тоа што се случило во моментот на инцидентот, изјави Кетрин Нинд, портпаролка на аеродромот. Во инцидентот нема повредени. Во авионот имало 67 патници и шест членови на екипажот. Агс најави дека патниците ќе бидат сместени преку ноќ во Инверкаргил и дека ќе се договорат нови летови.

Ова е само последниот во серијата инциденти со авиони Боинг. Вчера се дозна за случајот на 11 април, кога Боинг 737 Макс 8 на Southwest Airlines почна забрзано да паѓа, запирајќи го падот на околу 120 метри над Тихиот Океан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK