(Видео) Активисти за заштита на животната средина залепени на 20 патишта во Берлин: „Сега користат појак лепак“

Видео-Активисти-за-заштита-на-животната-средина-залепени-на-20.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со бројни блокади на патиштата во Берлин, еколошкото движење Последна генерација денеска ја започна најавената „недела на акција“ со зголемени штрајкови во сообраќајот во германската метропола.


„Во текот на утрото полицијата евидентирала повеќе од 20 блокади на витални патишта во градот и на приодите кон градот, а спречени се и неколку блокади“, соопшти полицијата преку социјалните мрежи.

Активистите на „Последната генерација“, од кои многумина специјално за овие акции во последните денови пристигнаа од други делови на Германија, блокираа патишта користејќи го претходно применетиот начин на лепење со специјален асфалтен лепак.

При отстранувањето на демонстрантите од коловозите, на места беше оштетен и тротоарот, а полицијата зборува за нови мешавини од специјален лепак што уште повеќе го отежнува одвојувањето на демонстрантите од асфалтот.

Многу возачи гласно свиреа во знак на протест против блокадата и создавањето на долги одложувања, поради што многумина доцнија на работа. На неколку места возачи физички ги нападнаа демонстрантите, а еден возач со одбранбен спреј ги нападна демонстрантите. Полицијата против напаѓачот поднесе кривична пријава за нанесување телесни повреди и ги предупреди граѓаните да не ја земаат правдата во свои раце.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK