(Видео) 50 автомобили се судрија на завеан пат во Русија, има загинати

Видео-50-автомобили-се-судрија-на-завеан-пат-во-Русија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 50 автомобили учествувале во голема сообраќајна несреќа на автопатот М-11 во Новгородската област, објави шефот на регионот Андреј Никитин на својот канал Телеграм. Според последните информации, во несреќата загинале четири лица, јавува руската државна новинска агенција Тасс.


„На автопатот М-11 се случи масовен судир во кој учествуваа околу 50 автомобили. Има жртви. Сега регионалните служби ја обезбедуваат сета расположлива помош. Ќе поставиме точка на местото на несреќата каде што луѓето ќе можат да се загреат, а ќе им се даде и топол чај и сендвичи“, рече тој.

Претходно прес-службата на Државната инспекција за безбедност на сообраќајот извести дека се судриле приближно 30 автомобили. Инаку, автопатот М-11 ги поврзува Москва и Санкт Петербург, двата досега најнаселени руски града. Во моментов во прекин е сообраќајот во правец на Москва.

На местото на несреќата пристигнале вработени во Министерството за вонредни состојби, Државната инспекција за безбедност во сообраќајот и Истражниот комитет. Обвинителството во Новгород покрена истрага за големата несреќа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK