Еврокомесарката за конкуренција Маргрете Вестагер изјави дека верува оти нацрт кодексот за однесување на генеративната вештачка интелигенција може да биде изготвен „во текот на следните недели“, а договорот да биде потпишан „многу, многу скоро“.
Вестагер, која е потпретседателка на Европската комисија, на прес-конференција по состанокот на Советот за трговија и технологија на ЕУ-САД истакна дека генеративната вештачка интелигенција целосно ја менува играта.
Сите знаат дека ова е следната моќна работа. Така, во текот на следните недели ќе го унапредиме нацрт кодексот на однесување со вештачка интелигенција, посочи Вестагер.