Вашингтон: Русија примила стотици ирански дронови за напади врз Украина

dronovi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Белата куќа денеска соопшти дека Русија изгледа ја продлабочува својата воена соработка со Иран и оти примила стотици дронови камикази од Техеран за да ги користи во нападите против Украина.







Повикувајќи се на неодамна декласифицирани информации, Белата куќа соопшти дека дроновите биле произведени во Иран и испорачани преку Каспиското Море, а потоа Русија ги користела против Украина.

– Русија користеше ирански дронови во последните недели за да го нападне Киев и да го тероризира украинското население, а руско-иранската воена соработка се чини дека се продлабочува, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

– Исто така сме загрижени што Русија работи со Иран за производство на ирански дронови во самата Русија, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK