„Вашингтон пост“: САД ја предупредија Русија дека „Крокус Сити“ е можна цел на терористите

677z381_677z381_677z381_12115217.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две недели пред терористичкиот напад на „Crocus City Hall“ во Москва, Соединетите Американски Држави ги предупредија руските власти дека концертната сала може да биде потенцијална мета на терористите, тврди „Вашингтон пост“, повикувајќи се на американски претставници, пренесува Спутник.


Според изворот на весникот, американските власти наводно и ги предале тие информации на Русија еден ден пред американската амбасада во Москва да издаде предупредување за можен терористички напад во руската престолнина во март.

Официјални лица и експерти со кои разговараше „Вашингтон пост“ сметаат дека е невообичаено САД да и дадат на Русија, која американските власти ја сметаат за противник, конкретни информации за потенцијална цел за напад. Според нив, тој чекор може да го загрози откривањето на разузнавачки извори.

Претходно директорот на надворешната разузнавачка служба на Русија Сергеј Наришкин изјави дека Русија добила одредени информации од американска страна за можни закани од терористички напад во „Crocus City Hall“, но дека информациите биле премногу општи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK