В понеделник во Германија почнува најголемата воена воздушна вежба во историјата на НАТО

nato
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германија се подготвува да биде домаќин на најголемата воена воздушна вежба во историјата на НАТО. Воената вежба, во која учествуваат 25 земји и 250 авиони, ќе се одржи од 12 до 23 јуни.

„Тоа ќе биде демонстрација на сила со цел да се покаже единството на сојузниците и да се импресионираат потенцијалните противници, како што се Русија, изјавија германски и американски претставници“, пренесуваат локалните медиуми.


Вашингтон испраќа 2.000 припадници на американската Национална гарда и околу 100 авиони да учествуваат на оваа обука.

– Ова е вежба која ќе биде апсолутно импресивна за секој што ја гледа, а ние не присилуваме никого да ја гледа, изјави американската амбасадорка во Германија Ејми Гутман.

Таа појасни дека вежбата без сомнение ќе ја демонстрира „агилноста и брзината“ на сојузничките сили и дека би била прилично изненадена доколку некој светски лидер не забележи што покажува тоа во однос на духот и силата на НАТО алијансата. – Тука мислам и на рускиот претседател Владимир Путин, додаде американската амбасадорка.

Шведска, која се надева дека ќе се приклучи на алијансата, и Јапонија, исто така, учествуваат во вежбите предводени од Германија.

Вежбата „Ер Дефендер 23“ (Air Defender 23) треба да започне в понеделник, со 10.000 учесници и 250 авиони од 25 земји. Вежбите се дизајнирани да симулираат одговор на напад врз земја-членка на НАТО. САД ќе испратат 100 авиони и 2.000 персонал за да учествуваат во вежбата.

– Покажуваме дека територијата на НАТО е нашата црвена линија, дека сме подготвени да го браниме секој сантиметар од оваа територија, изјави генерал-полковник на германските воздухопловни сили Инго Герхарц. Но, високиот германски командант инсистира на тоа дека вежбата е дизајнирана да покаже „одбранбена“ позиција кон Русија, пренесува Дојче веле.

– Но, ние, на пример, нема да вршиме никакви летови кон Калининград. Значи, ова е наменето да биде одбранбено, појасни тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK