Уште една автобуска несреќа на истото место кај Венеција каде претходно во запален автобус загинаа над 20 лица

Уште-една-автобуска-несреќа-на-истото-место-кај-Венеција-каде.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градски автобус на електричен погон, сопственост на истата компанија како и автобусот кој имаше сообраќајна несреќа пред 10 дена, удрил во столб од зграда од другата страна на улицата, бидејќи возачот изгубил контрола, пишува денес локалниот весник Ресто дел Карлино.


Во несреќата што се случи доцна синоќа полесно се повредени 14 патници и возач.

Градското сообраќајно претпријатие одлучи од утре превентивно да ги исклучи сите автобуси на компанијата „Ла Линеа“. Гувернерот на Венето, Лука Заја, на својот профил на „Фејсбук“ објави информација за несреќата и снимки од местото на настанот.

Несреќата се случила откако автобусот неконтролирано се свртел и удрил во столб од станбена зграда откако возачот изгубил контрола врз возилото. Тој на тимот за итна помош и рекол дека одеднаш му се слошило.

Пред 10 дена на истото место се случи несреќа во која загинаа 21 лице, меѓу кои две деца, откако автобус излета од надвозник и се запали, а уште 15 лица беа повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK