Уште еден силен земјотрес од 6,5 степени ја погоди Индонезија

zemjotres-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нов земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала се случи денеска во близина на брегот на индонезискиот остров Јава на длабочина од 10 километри, соопшти Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ).


Земјотресот уследи по земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, регистриран повеќе од четири часа претходно, пренесува Ројтерс. Епицентарот на вториот земјотрес бил на околу 130 километри северно од Тубан во провинцијата Источна Јава, соопшти БМКГ.

Според објавите на корисниците на социјалните мрежи, земјотресот бил силно почувствуван во Источна Јава, во нејзиниот главен град Сурабаја, како и во градовите во соседните провинции.

Земјотресот накратко бил почувствуван во главниот град на Индонезија, Џакарта, на околу 600 километри од епицентарот, изјавија очевидци за Ројтерс.

Во првиот земјотрес, чиј епицентар бил на 132 километри северно од Тубан во провинцијата Источна Јава, оштетени се две згради во тој град, соопшти индонезиската агенција за вонредни состојби. Засега нема извештаи за штети по вториот земјотрес и не е издадено предупредување за цунами.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK