Ункарскиот премиер, Петер Маѓар, денес објави дека ќе патува на самитот на НАТО со редовен лет на унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Виз Ер“, а не со приватен или воен авион, објавија унгарските медиуми.
Маѓар го изјави ова откако RTL го праша за патните трошоци на поранешниот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Тој одговори дека проверката во Министерството за надворешни работи е во тек, дека оди „сè подлабоко и подлабоко“ и дека, доколку се откријат неправилности, ќе бидат поднесени извештаи.
„Работите функционираат поинаку овде. Следната недела одам на самитот на НАТО со ‘Виз Ер’. Многумина ме повикаа да користам приватен или воен авион, но нема потреба за тоа. Строго очекувам министрите да дадат пример“, рече Маѓар, објавија унгарските медиуми.
Маѓар, исто така, рече дека очекува неговите министри да дадат пример и дека владата мора да биде транспарентна и да покаже дека државната работа може да се заврши на овој начин.
фото/Depositphotos