„Унгарија никогаш не сакала да се конфронтира со Русија“ – Путин и Орбан се сретнаа во Пекинг

„Унгарија-никогаш-не-сакала-да-се-конфронтира-со-Русија-–.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска разговараа за билатералната соработка, на маргините на Самитот „Појас и пат“ што се одржа во Пекинг.


Двајцата лидери разговарале за соработка во областа на испораката на нафта и гас, како и во областа на нуклеарната енергија, изјави за унгарската агенција МТИ шефот на прес-службата на Орбан, Берталан Хаваши. Според него, Орбан ја истакнал важноста од зачувување на мирот и дека запирањето на протокот на бегалци, санкциите и борбите е од клучно значење за целиот континент, вклучително и Унгарија.

„И покрај тоа што во денешните геополитички услови можностите за одржување контакти и развој на односите се многу ограничени, не може да не предизвика задоволство тоа што нашите односи со многу европски земји се одржуваат и се развиваат. Една од тие земји е Унгарија“, изјави рускиот лидер, пренесува РИА Новости.

Орбан истакна дека официјална Будимпешта никогаш не сакала да влезе во конфронтација со официјална Москва, пренесува руската агенција.

„Имаше тешки средби, но никогаш како оваа бидејќи никогаш досега не сме биле во ваква тешка ситуација. Унгарија никогаш не сакаше да се судри со Русија, напротив, целта на Унгарија отсекогаш била воспоставување и проширување на најдобрите меѓусебни контакти и во тоа бевме успешни“, рече Орбан и додаде дека неговата земја се обидува да „зачува се што е можно во билатералните контакти. „. и дека е заинтересирана за продолжување на економската соработка се додека тоа е можно“.

Орбан им се заблагодари на руските компании Росатом и Гаспром за нивното партнерство и исполнување на договорените обврски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK