Улиците на Газа се смртоносен лавиринт за израелските војници

Израелската-армија-тврди-дека-открила-едно-од-најголемите-складишта-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Хамас го користи познатиот терен и новото оружје во конфликтот во Газа, пишуваат светските медиуми.

Бројот на загинати израелски војници во Газа е веќе двојно поголем отколку за време на копнената офанзива во 2014 година, што е показател за тоа колку длабоко навлегла израелската армија во енклавата, како и за ефикасната употреба на герилските тактики и новото оружје од страна на Хамас.

Израелски воени експерти, израелски командант и извор од Хамас опишаа за Ројтерс како палестинската група користи големи залихи оружје, знаење за теренот и огромна мрежа од тунели за да ги претвори улиците на Газа во смртоносен лавиринт.

Тие имаат оружје на располагање, од беспилотни летала опремени со гранати до противтенковско оружје. Според израелските податоци, од почетокот на израелската копнена кампања кон крајот на октомври, околу 110 израелски војници биле убиени додека тенковите и пешадијата упаднале во градовите и бегалските кампови. Околу една четвртина од жртвите биле членови на тенковски екипажи.

„Во 2014 година, 66 израелски војници беа убиени во судирите, кога Израел започна ограничена тринеделна копнена офанзива, но целта тогаш не беше да се уништи Хамас.

Оваа војна не може да се спореди со онаа во 2014 година, кога нашите сили не дејствуваа подлабоко од еден километар во Газа“, изјави за Ројтерс, Јаков Амидрор, пензиониран израелски генерал-мајор и поранешен советник за национална безбедност.

Тој рече дека армијата „допрва треба да најде добро решение за тунелите“, мрежа која е значително проширена во текот на изминатата деценија. Во последните недели се споменуваше дека израелската армија планира да испумпува морска вода и да ги поплави тунелите на Хамас.

Извор од Хамас, кој зборуваше за Ројтерс под услов да остане анонимен, рече дека борците напаѓаат од заседа „искористувајќи го теренот што го знаеат подобро од кој било друг“, или често се движат низ тунели.

„Постои огромна разлика меѓу нашата и нивната моќ, ние не се залажуваме во овој поглед“, изјави тој за Ројтерс.

Во објавите на Хамас се вели дека групата поседува „трандем“ противтенковски оружја со две оклопи.

Ашраф Абелхул, уредник на египетскиот весник „Ал Ахрам“, кој претходно работел во Газа, рече дека милитантите напредувале во употребата на напредно оружје, како и во „локално произведените проектили“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK