Украинскиот парламент денеска усвои предлог-закон со кој се воведуваат построги одредби за мобилизација, што е контроверзен текст бидејќи не предвидува рокови за демобилизација на војниците.
„Готово е! Законот за мобилизација е усвоен. За него гласаа 283 претставници“, објави претставникот Олексеј Гонтчаренко на Телеграм.
Украина има голем недостиг од доброволци, а на овој текст се работеше со месеци, по повеќе од две години војна против Русија. Текстот со кој се зголемуваат санкциите за прекршителите на законот, предизвика скандал бидејќи во последен момент беше отстранета одредбата која предвидува демобилизација на војници кои отслужиле 36 месеци, тежок удар за војниците кои се борат повеќе од две години.
Санкциите за оние кои ќе се обидат да избегнат мобилизација отсега ќе бидат построги, а законот ќе ги олесни процедурите за регрутирање бидејќи воведува дигитална база на податоци. За да стапи во сила, тој мора да биде потпишан од претседателот Володимир Зеленски.
На почетокот на април Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години.