Украински воен авион за првпат погодил мета во Русија

Screenshot-2024-06-09-191308.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украински воен авион првпат погодил мета на руска територија!


Британскиот телевизиски канал Sky News, повикувајќи се на извор од вооружените сили на Украина, наведува дека е погоден рускиот команден центар кај Белгород.

– Штетата се уште не е проценета, но потврден е директен удар. Тоа е прва муниција на вооружените сили на Украина испорачана по воздушен пат до цел на територијата на Русија – изјави извор на британската телевизија.

Засега не е јасно каков тип на муниција е употребена во нападот.

– Не се знае дали тоа било западно оружје – пишува Sky News.

Досега Украина извршуваше напади со беспилотни летала длабоко на руска територија, но Москва може да ја разгледа употребата на воени авиони за гаѓање цели во Руската Федерација како нова ескалација, додава британскиот канал.

Украинскиот портал Страна наведува дека Украина и претходно користела американско оружје за гаѓање цели во Русија, притоа нагласувајќи дека наводниот напад на командно место во близина на Белгород би можел да биде првиот удар од британски или француски ракети преку границата. Украина претходно од сојузниците доби британски ракети Storm Shadow и француски SCALP.

– Украина нема други ракети со долг дострел што би можеле да ги користи авијацијата. Макрон претходно потврди дека дозволил француски ракети да ја погодат Русија. Засега не е јасно дали нападот навистина се случил или на овој начин се обидуваат да ги натераат САД да дозволат нивните ракети со долг дострел да ја погодат територијата на Русија и да предизвикаат гнев кај Руската Федерација што нема одговор од нивните страна за преминување на црвените линии. Путин изјави дека во случај на напад од западно оружје со долг дострел, тие ќе пренесат слично оружје на сили во трети земји со цел да извршат напади врз воени цели на западните земји – соопшти Партијата на својот канал Телеграм.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека Франција ќе ги пренесе борбените авиони Мираж 2000-5 во Украина и ќе започне програма за обука на украинските пилоти да научат да управуваат со тие борбени авиони!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK