Украински дрон уништи моќен руски суперсоничен бомбардер длабоко во Русија

th.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Моќен руски бомбардер со долг дострел „Ту-22“ е уништен во напад на украински беспилотно летало,  јави Би-би-си, повикувајќи се на слики објавени на социјалните мрежи.  Запален е „Тупољев Ту-22“ во воздухопловната база „Солци-2“, јужно од Санкт Петербург.



 Москва соопшти дека дронот бил погоден, но успеал да го оштети авионот. Украина не го коментираше овој настан.

Ту-22 може да патува со двапати поголема брзина од брзината на звукот и Русија интензивно го користи за напади врз градовите во Украина. Руското Министерство за одбрана преку соопштение за медиумите објави дека нападот со дрон се случил околу 10 часот по московско време.

Локацијата е наведена како „Воен аеродром во Новгородскиот регион“, токму на местото каде што се наоѓа Солци-2.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK