Украинските власти соопштија дека армијата се соочува со сериозен недостиг на муниција, по речиси две години борби против руските сили.
„Недостигот од муниција е многу реален и итен проблем со кој се соочуваат нашите вооружени сили во моментов“, рече украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.
Во меѓувреме речиси сите претставници на владејачката коалиција – социјалдемократите, зелените и либералите – го одбија предлогот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и на сестринската баварска Христијанско-социјална унија (ЦСУ) да ѝ се прати на Украина модерна ракета од шведско-германско производство.
Германската агенција Дпа пишува дека овој резултат од гласањето е збунувачки зашто зелените и либералите со месеци бараа од канцеларот Олаф Шолц да ги прати овие ракети, кои би му овозможиле на Киев да гаѓа длабоко во руска територија.