Украинците тврдат дека синоќа собориле 33 руски беспилотни летала

ukrainska-vojska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинската противвоздушна одбрана собори 33 од 50-те беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта, соопшти денеска украинското воздухопловство.


Тие наведуваат дека 9 беспилотни летала се „изгубени“, мислејќи на користењето електронско војување од страна на Украина за пренасочување на руските беспилотни летала, додека еден ја напушти Украина во правец кон Романија.

„Непријателските напади со беспилотни летала погодија претпријатија во регионот на Одеса, а зградите на институции, приватни компании и домаќинства во регионите Харков, Черкаси и Киев беа оштетени како резултат на падот на соборените непријателски беспилотни летала“, соопшти војската на платформата Телеграм.

Тие додадоа дека под напад било и пристаниште во реонот на Дунав. Претставник на регионот Киев рече дека едно дете е повредено како резултат на паѓање остатоци од соборени цели за време на нападот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK