Украина тврди дека соборила 30 од 40 руски крстосувачки ракети

ukraina_23423242243
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во текот на ноќта Русија изврши серија напади врз Украина, користејќи крстосувачки и хиперсонични ракети и беспилотни летала од иранско производство.

Украинското воено воздухопловство тврди дека противвоздушна одбрана уништила 30 од 40-те крстосувачки ракети и сите 27 беспилотни летала Шахед лансирани од Русија. Но, не е наведен дали има штети од нападите или што се случило со 10-те крстосувачки ракети, што не беа соборени.


Русија не ги коментираше тврдењата на Украинците.

Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека руска ракета погодила центар за трансфузија на крв во градот Купјанск, во Харков, и дека има и жртви.

– Воздушни напади имаше низ целата земја, а цел на Русите беше фабриката Мотор Сич во Запорожје, посочи Зеленски.

Тој не прецизираше дали е оштетена фабриката која произведува делови за авиони и хеликоптери.

Според него погоден е и регионот Хмелницки, но не даде дополнителни детали.

Бројот на напади се зголеми од двете страни откако Москва се повлече од Договорот за извоз на украинското жито.

Во меѓувреме руски претставници соопштија дека украинските сили ја гранатирале зградата на факултетот во Доњецк. За време на нападот немало никој во Универзитетот.

Министерот за итни ситуации поставен од Русија, Алексеј Кострубицки наведе дека Украина употребила касетна муниција при нападот врз Факултетот во Доњецк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK