Украина соборила 13 крстосувачки ракети упатени кон воен аеродром во регионот Хмељницки

raketa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинската воздушна одбрана, денеска, во раните утрински часови, собори 13 руски крстаречки ракети насочени кон воен аеродром во западниот регион Хмељницки, соопштија украинските воздухопловни сили.

Ракетите биле лансирани од руски стратешки бомбардери од област кај Каспиското Море, се наведува во соопштението, пренесено од британските медиуми.


Сирените за воздушен напад утрово се огласија ширум Украина, предупредувајќи за напади со руски ракети и беспилотни летала.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK