Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина соопштија дека синоќа украинските сили собориле 33 беспилотни летала кои Русија ги користела за напад на Украина.
Мета беа југот и источниот дел на Украина, а руските сили лансираа 37 беспилотни летала, една противвоздушна ракета С-300 и две ракети Х-59, според Униан.
Беспилотните летала беа соборени над регионите Кироворад, Одеса, Hерсон, Николаев и Харков.
Во исто време, руското Министерство за одбрана соопшти дека 15 украински беспилотни летала се уништени над регионот на Волгоград и еден над регионот на Белгород.