Украински извори објавија снимка на која се гледа, како што тврдат, украински воени хеликоптери кои ги напаѓаат руските позиции.
Снимката наводно била направена неодамна на Источниот фронт.
„Да не заборавиме дека зборуваме за армијата од која сите се плашеа, не така одамна, а денес зборуваме за украинската офанзива во неколку правци“, изјави за Си-Ен-Ен Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.