Конго: Бројот на потврдени случаи на ебола се зголеми на 1.624


depositphotos_99135802_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго се зголеми на 1.624, вклучувајќи 521 смртен случај, соопшти денес владата на земјата.


Министерството за здравство на Демократска Република Конго во понеделникот објави дека се потврдени 1.561 случаи на ебола, вклучувајќи 506 смртни случаи, објави Ројтерс.

Светската здравствена организација (СЗО) денес предупреди дека епидемијата на ебола во Конго сè уште се шири, пренесува Танјуг.

Претставничката на СЗО во Демократска Република Конго, д-р Ан Ансија, изјави дека ширењето на вирусот ебола е поттикнато од движењето на населението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK