Израел потврди дека се убиени уште двајца заложници кои ги држела палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.
Убиството на Тал Хаими и Џошуа Луит Молел, кои ги држеше Хамас, го потврдија и нивните кибуци, пишува „Џерусалим пост“.
Весникот наведува дека Тал Хаими, жител на Нир Јоцак и Џошуа Луито Молел, жител на Нахал Оз, биле убиени додека биле заложници од Хамас во Појасот Газа и дека нивните тела сè уште ги држи палестинската милитантна група.
Two hostages, Tal Chaimi from Kibbutz Nir Yitzhak and Joshua Loitu Mollel from Kibbutz Nahal Oz, were confirmed murdered in Hamas custody on Wednesday evening. Their bodies are still held by Hamas. Learn more: https://t.co/YXxWjipsgC pic.twitter.com/ww3ZsMVA6X
— The Jerusalem Post (@Jerusalem_Post) December 13, 2023
Хаими, кој беше киднапиран во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, беше дел од одредот испратен да го одбие нападот на Хамас додека не пристигнат засилувањата. Новите докази покажуваат дека тој бил убиен истиот ден и дека неговото тело било однесено во Газа, пишува „Џерусалим пост“.
Молел, студент по земјоделство од Танзанија, пристигнал во Израел две недели пред нападот на Хамас и работел како млекар во Нахал Оза.