Оперативците на Службата за државна безбедност на Азербејџан го уапсија Араик Харутјуњан, поранешен лидер на регионот Нагорно-Карабах, објави азербејџанската новинска агенција АПА.
Агенцијата вчера објави и дека азербејџанските безбедносни сили уапсиле двајца поранешни водачи на Нагорно Карабах, Аркадиј Гукасјан и Бак Сакјан, како и Давит Ишкањан.
Минатата недела, азербејџанските власти објавија апсење на поранешниот министер за надворешни работи и помошник на претседателот на Нагорно-Карабах, Давид Бабајан, како и апсењето на поранешниот заменик командант на ерменските сили во Нагорно-Карабах, Давит Манукијан и поранешниот шеф на владата на Нагорно-Карабах, Рубен Варданијан.
Апсењата уследија откако азербејџанските сили презедоа контрола врз енклава на нејзина територија населена со етнички Ерменци, што предизвика егзодус на повеќе од 100.000 Ерменци.