Туск: Само предавниците можат да се радуваат на победата на АфД


Depositphotos_72377117_S.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека во Полска „само идиоти или предавници“ можат да се радуваат на победата на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) на покраинските избори во германската федерална покраина Саксонија-Анхалт, додека министерот за надворешни работи на Полска Радослав Сикорски рече дека резултатот на АфД е „многу загрижувачки сигнал“.


„Во Полска, само идиоти или предавници можат да се радуваат на триумфот на АфД во Германија“, напиша Туск на платформата Икс, додавајќи дека такви може да се најдат во партиите Конфедерација и Право и правда.

Во исто време, Сикорски во изјава за полското радио „Вокс ФМ“ изјави дека победата на АфД на покраинските избори во Саксонија-Анхалт во недела е „вознемирувачки сигнал“.

„Се чини дека им недостасуваат само неколку гласови за апсолутно мнозинство, ова е многу загрижувачки знак“, рече Сикорски, пренесува Танјуг.

Алтернативата за Германија (AfD), предводена од Улрих Зигмунд, убедливо победи вчера на покраинските избори во германската федерална покраина Саксонија-Анхалт со 43,8 проценти од гласовите, но не освои апсолутно мнозинство, додека Христијанско-демократската унија (CDU) на премиерот на покраината Свен Шулце претрпе тежок пораз и заврши на второто место со само 17,2 проценти од гласовите, според прелиминарните резултати објавени од изборната комисија во текот на ноќта.

Според прелиминарните резултати, AfD освои 43,8 проценти од гласовите на изборите во недела – барем двојно повеќе во споредба со 20,8 проценти на изборите во 2021 година, CDU сега доби 17,2 проценти од гласовите, додека на претходните избори освои 37,1 процент, а 9,3 проценти од гласачите гласаа за Социјалдемократската партија на Германија (SPD), во споредба со претходните 8,4 проценти, објавува „Bild“ утрово.

Според прелиминарните резултати, AfD го зголеми својот удел во гласовите повеќе од двојно, од 20,8 проценти во 2021 година на 43,8 проценти, што е најдобриот резултат постигнат од партија на регионалните избори во Германија во последните десет години.

Излезноста беше 77,8 проценти, во споредба со 60,3 проценти во 2021 година, што е највисока излезност во Саксонија-Анхалт од обединувањето на Германија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK