Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека земјата не размислува за испраќање војници во Украина.
Тој го изјави ова во Прага по средбата со чешкиот премиер Петр Фијала и додаде дека Полска е подготвена да учествува во секоја иницијатива што ќе ја доведе војната во Украина до крај, пренесува Ројтерс.
Фијала рече дека ниту Чешка нема да испрати воено засилување во Украина и дека Полска е подготвена да учествува во чешката иницијатива за обезбедување оружје за Украина од земји надвор од ЕУ, пренесува Ројтерс.