Турски производител на дронови почнува да гради фабрика во близина на Киев

Турски-производител-на-дронови-почнува-да-гради-фабрика-во-близина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Турската компанија „Бајкар“ почна со изградба на фабрика во близина на Киев во која ќе бидат вработени околу 500 луѓе и ќе произведува сопствени модели на дронови, изјави денеска извршниот директор на компанијата Халук Бајрактар.

Тој за Ројтерс на маргините на Светскиот одбранбен саем во Ријад потврди дека е започната изградбата на фабриката, која треба да биде завршена за околу 12 месеци.

– Потоа преминуваме на поставување внатрешни машини, опрема и организациона структура – рече тој.

Бајрактар ​​истакна дека производствениот капацитет ќе биде околу 120 единици секоја година, но додаде дека сè уште не е јасно дали производството во украинската фабрика ќе биде фокусирано на моделот на беспилотни летала TБ2 или TБ3.

Беспилотните летала Бајрактар ​​од турско производство станаа популарни во светот откако украинската армија почна да ги користи во војната против руските сили за уништување оклопни возила и артилериски системи.

„Бајкар“ претходно објави дека склучил договори за извоз на својот дрон ТБ2 со 30 земји, меѓу кои Украина, Етиопија, Либија и Азербејџан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK