Турски диџеј киднапиран и измачуван до смрт во Лондон

Турски-диџеј-киднапиран-и-измачуван-до-смрт-во-Лондон.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Диџеј од Турција, Корај Алпергин, кој се дружел со многу популарни ѕвезди, бил киднапиран, мачен, а потоа убиен, пренесуваат британските медиуми.


Сето ова се случило на само неколку метри од стадионот на Спарс, речено е на суд, пренесува Дејли Мејл.

Покрај тоа што е сопственик на радиото Бизим ФМ, тој се дружел и со познати личности како П. Диди и други.

Имено, тој и неговата девојка биле насила ставени во комбе, откако се вратиле од вечера во ресторан, а сето тоа се случувало во Лондон.

Диџејот бил тешко повреден и на крајот убиен, додека неговата девојка два дена била затворена во тоалет.

Телото на диџејот потоа било фрлено во Лотон, Есекс, каде што го пронашол случаен минувач кој го шетал своето куче таму.

Пет лица се обвинети за киднапирање и убиство, но сите ги негираат обвиненијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK