Турската лира падна на историски најниско ниво во однос на доларот

Турската-лира-падна-на-историски-најниско-ниво-во-однос-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турската лира денеска падна на историски најниско ниво во однос на американскиот долар.


Според податоците на берзата Forex, доларот денеска се продаваше за 27,5 лири во утринските часови, а по 11:00 часот благо зајакна за 0,25 отсто на 27,25 лири. На претходното затворање на берзата доларот имаше вредност од 27,18 лири.

Во последната година турската лира загуби 48 отсто од вредноста во однос на доларот. Турската централна банка (ТЦМБ) во јуни започна циклус на зголемување на референтната каматна стапка, од 8,5 на 15 отсто, со цел во јули да ја зголеми на 17,5 отсто, а во август на 25 отсто.

На 21 септември ТЦМБ ја зголеми каматната стапка за дополнителни 500 базични поени на 30 отсто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK