Туристички брод удрил во бетонски блокови на Закинтос, шестмина повредени


depositphotos_29562313_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Грчката крајбрежна стража денес објави дека шест лица се повредени кога туристички брод удрил во бетонски блокови при враќањето во пристаништето Агиос Николаос Волимон на грчкиот остров Закинтос.


Инцидентот се случил синоќа, по завршувањето на екскурзивното пловење, објавува „Катимерини“.

На бродот имало вкупно 24 патници и двајца членови на екипажот.

По пристанувањето во пристаништето, четворица од повредените биле пренесени со сопствен превоз, а двајца со амбулантно возило во Општата болница на Закинтос за укажување прва помош.

Петмина од повредените биле пуштени од болницата по добивањето медицинска помош, додека 60-годишен маж бил задржан на превентивно лекување.

Нешто подоцна, 41-годишниот капетан на бродот бил уапсен под сомнение за небрежно загрозување на безбедноста на луѓето и нанесување телесни повреди, како и за кршење на прописите за избегнување судири на море.

На бродот му е забрането да плови додека не се достави сертификатот за пловидба издаден од овластениот институт за класификација, објавува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK