Турција: Исламската држава планира напади врз синагоги и цркви, приведовме 29 исламисти

Турција-Исламската-држава-планира-напади-врз-синагоги-и-цркви-приведовме.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турција денеска уапси 29 осомничени екстремисти на Исламската држава кои наводно планирале напади врз синагоги и цркви, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Припадниците на разузнавачките и полициските сили претресуваа адреси во девет провинции, вклучително и Истанбул и главниот град Анкара, рано во петокот за да ги уапсат осомничените, напиша Јерликаја на платформата „Икс“.


Полицијата во рациите конфискувала дигитални документи, јави државната новинска агенција Анадолу. Полицијата, исто така, соопшти дека тројца осомничени високи оперативци на Исламска држава се одделно уапсени за планирање напад врз ирачката амбасада.

Националноста на уапсените и деталите не се познати

Засега не се познати националноста на уапсените и деталите за наводните планови за нападот. Самопрогласената Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во ноќниот клуб во Истанбул во 2017 година, во кој загинаа 39 лица на новогодишна забава. Оттогаш, Анкара рутински ги напаѓа осомничените од Исламската држава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK