Турција ѝ подари куче-трагач на Mексиканската армија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Турција ѝ подари куче на мексиканската војска, откако нивното куче-трагач Протео угина за време на спасувачки потфат по земјотресот во евроазиската земја претходно годинава, пренесува Си-ен-ен.







Мексиканската армија оваа недела стана побогата за еден член – тримесечен германски овчар. Тој ќе биде дел од специјалната единица за наоѓање и помош на преживеани лица по земјотрес и други природни катастрофи. Кучето беше пречекано завчера на посебна воена свеченост во Мексико Сити, на која на војската ѝ се придружија нови колеги – луѓе и кучиња.

Војничкото куче се вика Аркадас, што на турски јазик значи „пријател“. Ќе го тренира истиот тренер кој се грижеше и за Протео, соопшти Армијата.

„Благодарение на моите пријатели во Мексико кои ме примија со голема љубов, ветувам дека ќе дадам сѐ од себе да бидам одлично куче за потрага и спасување“, објави мексиканското Министерство за одбрана на Твитер во име на кучето.

Мексико испрати спасувачки кучиња во Турција по разорниот земјотрес што ја погоди областа. Кучето-трагач Протео угина во февруари спасувајќи луѓе под урнатините.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK