Тројца загинати во рускиот регион по уште еден напад со беспилотно летало

rusija-supersonicno-oruzje.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гувернерот на рускиот регион Белгород кажа дека тројца цивили се загинати во напад со дрон во село близу границата со Украина.


„Украинската војска лансираше експлозивна направа со дрон и  тројца луѓе беа на улица“, објави Вјачеслав Галдков на „Телеграм“.

Руското министерство за одбрана, пак, кажа дека осетило напад со дронови во Москва. Оттаму велат дека два дрона биле соборени од противвоздушната одбрана, но градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин рече дека била погодена една зграда во изградба.

Летовите на трите главни аеродроми во Мосва, Шереметјево, Домодедово и Внуково беа на кусо запрени, втора ноќ по ред.

Киев не ги коментира нападите на руско тло.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK