Три лица загинаа во пожар што избувна утрово во складиште за хартија во близина на Москва, јави руската државна новинска агенција РИА, повикувајќи се на службите за итни случаи.
– Се запали магацин со хартија и картон во Одинцово кај Москва … Тројца работници загинаа, пожарот е изгаснат, изјави претставник на службата за итни случаи.
Причината за пожарот не е позната.
Светските агенции нагласуваат дека извештаите не можат независно да се потврдат.