Три лица во загрепската болница „Ребро“ починаа денеска откако се заразиле со легионела, неофицијално е потврдено за хрватски Индекс.
Вкупно шест лица се заразиле со легионерска болест и тоа во болница. Сите преостанати инфицирани имаат тешки коморбидитети и се имунокомпромитирани.
КБЦ Загреб претходно потврди дека легионела се појавила во болница и дека ја изолирале во вода. Од болницата рекоа и дека во 17 часот ќе одржат прес конференција.
„Веднаш го алармиравме Хрватскиот институт за јавно здравје кој ги направи сите анализи и бактеријата е изолирана во водоводниот систем, во моментов е во тек пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“, изјави Миливој Новак, помошник директор за квалитет.