Три лица загинаа денеска во експлозија во фабрика во близина на градот Киети во централниот дел на Италија. Експлозијата се случила околу пладне во компанијата Есплоденти Сабино, која произведува експлозиви, а врши и деактивирање на бомби, мини и други експлозивни направи.
Медиумите јавуваат дека во несреќата може да има повредени. Ќе биде отворена истрага за утврдување на причините за несреќата.
Во таа фабрика веќе имаше експлозија во која загинаа три лица во декември 2020 година.
Според медиумите, утре треба да се одржи првото рочиште во процесот за експлозијата во 2020 година. Десет лица беа обвинети.