Неми од шок и неверување што по втор пат за две години избувна пожар во кинескиот трговски центар во Нов Белград, кинеските граѓани, сопствениците на продавници се обидуваат на секој начин да ја спасат робата. Некои од нив влегоа во делот што гореше минатиот пат спасуваа се’ што може да се спаси.
Како што јавува репортерот на „Блиц“ од местото на настанот, во овој дел од трговскиот центар се шири густ чад, а пожарникарите на секој начин се обидуваат да го изгаснат пожарот.
„Треба да ја платам киријата, што да правам? Утрово се запали, немаше многу луѓе“, низ солзи рекла жената.
Работник од трговскиот центар претходно изјави дека останал без се’.
„Внатре имам и приватни работи. Почнав да влегувам да си ги соберам барем личните работи – не ми дадоа. Ги разбирам, но луѓе, изгубив се’“ рече тој и посочи дека таков пожар никогаш во животот не видел.
Повеќе од педесет пожарникари го гаснат пожарот од земја, а во гаснењето се вклучија и хеликоптери.
Полицијата ги премести луѓето на поширок простор околу запалениот трговски центар, им помага на Кинезите да извадат што е можно повеќе стока, но таму каде што е загрозена безбедноста ги затвораат сите премини.
Како што јавува репортерот на „Блиц“ од местото на настанот, кинеските граѓани се обидуваат да си ја добијат стоката, не грижејќи се за сопствената безбедност.
Една Кинезинка дури се обидела да влета пожарот, но пожарникарите ја спречиле.