Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има голема предност на внатрепартиските избори во Њу Хемпшир во однос на поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, покажа истражувањето на Вашингтон пост и Универзитетот Монмаут.
Според извештаите, Трамп е поддржан од 52 отсто од гласачите, додека Хејли ја поддржуваат 34 отсто од републиканците.
Анкетата беше спроведена од 16 до 20 јануари.
Внатрешните партиски избори во Њу Хемпшир се закажани за утре.