Tрамп објави прекин на огнот: „Примирјето е во сила, ве молам не го кршете“


tramp-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран.


„Примирјето сега е во сила, ве молам не го кршете! Доналд Џ. Трамп, претседател на САД“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Иран првин негираше дека е постигнато примирје и истрела нови проектили. Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, рече дека во оваа фаза нема договор за прекин на огнот и дека иранските вооружени сили ќе продолжат да се борат до последен момент. Сепак, тој рече дека Иран е подготвен за примирје доколку Израел ја прекине својата нелегална агресија врз иранскиот народ најдоцна до 4 часот наутро по Техеран.

Во текот на ноќта Иран истрела ракети кон Израел, при што загинаа три лица.

Подоцна иранската државна телевизија објави дека прекинот на огнот стапил на сила.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK