Трагедија во Болоња: жена и три деца го загубија животот во пожар во стан

policia.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Една жена и нејзините три мали деца утрово ги загубија животите во пожар во нивниот стан во Болоња, јавува АНСА.


Жената, романска државјанка, починала на пат кон болница, додека две девојчиња и едно момче починале во станот, на четврти кат од зградата, како последица на вдишување чад во спалната соба која сите ја делеле, соопшти полицијата.

Постарата девојка имала шест, а помалата две, како и момчето, нејзиниот брат близнак. Нивниот татко бил на работа кога се случила трагедијата.

Пожарот најверојатно е предизвикан од дефект на електричните инсталации, а истрагата е во тек, соопшти „АНСА“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK