Двајца скијачи загинаа во лавина на Мон Блан, додека еден е повреден, а еден планинар загина на падината Екринс на француските Алпи, соопштија денеска локалните власти.
Вчера лавина ја погоди областа покрај падините на ски-центарот Сен Жермен Ле Бенс на надморска височина од 2.300 метри, се вели во соопштението на управата на регионот Горна Савоја, пренесува АП.
Десетици планински спасувачи кои тргнаа во потрага по затрупаните скијачи пронајдоа мртви маж и жена и едно повредено лице, а спасија пет скијачи. За случајот е започната истрага.
Градоначалникот на Сен Жерве, Жан-Марк Пејкс, изјави дека временските услови се премногу нестабилни за вакви ризични патувања.
„Врнеше дожд, паѓаше снег, беше топло. Има доволно обележани патеки за скијање“, изјави тој за телевизијата БФМ.
Во исто време, на северот на Франција, 31-годишен планинар е пронајден мртов откако паднал на падината на планинскиот венец Екринс.
Спасувачите изјавиле дека тој скршнал од планинарските патеки.