„Тоа го прават сите денес, а неа ја напаѓаат толку многу“: Трамп во одбрана на принцезата Кејт, кој беше обвинет за истото

yy.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп рече дека спорот што се појави во врска со изменетите фотографии на принцезата од Велс „не треба да биде голема работа“ бидејќи „секој си ги менува“ своите фотографии денес, а во исто време ја повика јавноста да престане да ја критикува Кејт.


Дејли Телеграф наведува дека Трамп со тоа се вклучил во дебатата за фотографијата на британската принцеза со нејзините деца, по чие објавување таа објави извинување за компјутерски изменетата слика.

Трамп ова го изјави во интервјуто што му го даде на Најџел Фараж, водителот на британската ТВ станица GB News и поранешен лидер на партијата Брегзит, кој е еден од неговите сојузници во Европа.

Во истото интервју, републиканскиот претседателски кандидат го обвини Џо Бајден, идниот демократски ривал и актуелен претседател на САД, дека дозволил „15 милиони луѓе“ да влезат во Америка, вклучувајќи ги и оние што „доаѓаат од затвори, ментални институции и лудници“.

Зборувајќи за изменетата фотографија на принцезата Кејт, Трамп рече дека „сите го прават тоа денес“.

– Кога ги гледаш тие актери во филмови, а потоа го запознаваш тој актер, се прашуваш: „Дали е тоа истата личност од сликата“? – рече Трамп.

Дејли телеграф потсетува дека тој беше обвинет дека побарал од владини претставници да „отсечат“ фотографија од толпата за време на инаугурацијата на американскиот претседател во 2017 година.

Трамп, наводно, бил фрустриран што повеќе луѓе биле фотографирани на претходната инаугурација на демократскиот претседател Барак Обама.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK