–>

Тело пронајдено на австриските Алпи: полицијата верува дека таму било 22 години

1692780574_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK





Планинарски водич пронашол остатоци од човек за кој се верува дека загинал во несреќа на глечер пред 22 години високо на австриските Алпи, соопшти денеска полицијата.

Телото беше пронајдено на глечерот Шлатенкис во националниот парк Хохе Тауерн во источната провинција Тирол, блиску до италијанската граница и на надморска височина од околу 2.900 метри.

Водичот ја известил полицијата во Лиенц, која го извлекла телото со помош на хеликоптер. Неколку метри под телото спасувачите пронашле ранец со пари, банкарска картичка и возачка дозвола. Полицијата утврдила дека најверојатно станува збор за посмртните останки на Австриец кој во моментот на исчезнувањето имал 37 години, јавува Асошиејтед прес.

Исчезнатиот носел опрема за скијање. Се прави споредба на ДНК за да се потврди идентитетот на мажот, а резултатот се очекува за неколку недели. Поради топењето на глечерите, за што многу научници вината ја наоѓаат во климатските промени, има се повеќе откритија на останки на планинари, скијачи и други алпинисти кои исчезнале пред неколку децении.

Во соседна Швајцарија, полицијата минатиот месец објави дека ДНК тестовите потврдиле дека телото пронајдено на глечер во близина на Матерхорн е на исчезнат германски планинар од 1986 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK