Тебуне: Алжир е против воена интервенција во Нигер

tebune_23423423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебуне во синожешното интервју за нацоионалната телевизија изјави дека неговата земја е против каква била воена интервенција во Нигер.







– Воена интервенција може да го запали целиот регион Сахел, а Алжир нема да употреби сила против своите соседи. Воената интервенција во Нигер е директна закана за Алжир. Ние сме категорично против каква било воена интервенција, посочи Тебуне.

Тој истакна дека без Алжир нема да има решение на кризата во Нигер.

– Алжир дели речиси 1.000 километри граница со Нигер. Погледнете ја денес ситуацијата на земјите кои доживеаја воена интервенција, посочи Тебуне, наведувајќи го примерот со Либија и Сирија.

Тој додаде дека „Алжир е за институционален легитимитет (во Нигер). Тие мора да се вратат на тој легитимитет“.

На 30 јули, четири дена по пучот во Нигер, со кој беше соборен демократски избраниот претседател Мохамед Базум, Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) им даде рок од седум дена на пучистите, што истекува вечерва, да го вратат на функцијата Базум или во спротивно ќе употребат сила.

Неколку западноафрикански армии, меѓу кои Сенегал и Брегот на Слонова Коска соопштија дека се подготвени да испратат војници.

Хунтата во Мали и во Буркина Фасо, соочени со џихадистичко насилство како и Нигер, предупредија дека ќе бидат солидарни со својот сосед и дека секоја воена интервенција ќе се смета за „објавување војна“ против нив.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK