Тајван се подготвува за удар на тајфун: откажани повеќе од 90 летови, затворени училишта

Тајван-се-подготвува-за-удар-на-тајфун-откажани-повеќе-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како дел од подготовките за пристигнувањето на тајфунот Коину, кој е пропратен со силни ветрови и дождови, некои делови од Тајван ги откажаа летовите, а училиштата беа затворени.


Во соопштението на Управата за цивилно воздухопловство, се наведува дека најмалку 93 летови се откажани на аеродромите низ островот, а од поморското и пристанишно биро соопштија дека се откажани 96 поморски фериботи, пренесува АП.

Тајфунот би можел да го зафати југоисточниот дел на Тајван во текот на следната ноќ, рабовите на тајфунот веќе донесоа дожд во северните и источните делови на Тајван, но посилно невреме се очекува подоцна на источниот и јужниот брег, според метеоролозите.

Тајфунот наутро се движеше западно кон Тајван со максимални постојани ветрови од 155 километри на час и повремени налети од 191 километар на час, се вели во соопштението на Тајванската метеоролошка служба.

Поради тајфунот Коину, Националниот метеоролошки центар на Кина прогласи жолт метеоролошки аларм – трето највисоко ниво на предупредување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK