Таџикистан: Најдовме три лица чии пасоши ги имале напаѓачите од Москва

FotoJet-22.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Уапсените четворица осомничени напаѓачи по смртоносниот напад во концертна сала во близина на Москва се странски државјани, соопшти денеска руското Министерство за внатрешни работи.

Русија денеска објави дека ги уапсила сите четворица осомничени вооружени лица за нападот во кој загинаа 133 лица, а претседателот Владимир Путин вети дека ќе ги пронајде и казни оние што стојат зад нападот.

Претходно беше објавено дека напаѓачите имале пасоши од Таџикистан, но таа земја негираше дека се нејзини државјани.

Министерството за внатрешни работи на Таџикистан соопшти дека три лица чии пасоши ги имале напаѓачите биле пронајдени во земјата каде што биле во моментот на нападот на салата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK