СЗО веќе 12 дена не може да достави медицинска помош во Газа

СЗО-веќе-12-дена-не-може-да-достави-медицинска-помош.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека речиси две недели не може да стигне до северниот дел на Појасот Газа за да достави медицински материјали.


Планираната мисија во болницата „Ал Авда“ и уште четири други во северниот дел на Газа е откажана по четврти пат бидејќи безбедноста не може да се гарантира, објави СЗО на платформата за социјалната мрежа Х.

„Поминаа 12 дена откако последен пат успеавме да стигнеме до северниот дел на Газа“, се додава во објавата.

СЗО соопшти дека силното бомбардирање, ограниченото движење и прекинатите комуникации ја направиле „речиси невозможна“ испораката на медицински материјали до изолираниот крајбрежен појас, особено на северот.

„Повеќето болници има сериозен недостаток на вработени бидејќи здравствените работници си заминаа поради наредби за евакуација или несигурност. Во меѓувреме, пристапот на пациентите до здравствените установи е отежнат поради опасните услови“, се вели во објавата.

„Без соодветна здравствена заштита, страдањето во Газа се зголемува од час во час. По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, израелската армија започна голема офанзива во Појасот Газа. Итно е потребен безбеден и непречен пристап до северниот дел на Појасот Газа, повика шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Понатамошните одложувања ќе доведат до повеќе смрт и страдање за премногу луѓе“, напиша тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK