СЗО се обидува да стаса до болницата „Насер“, ИДФ ја продолжува потрагата

СЗО-се-обидува-да-стаса-до-болницата-„Насер-ИДФ-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светската здравствена организација денеска објави дека се обидува да стигне до најголемата функционална болница во Појасот Газа, болницата „Насер“, по израелскиот упад. „Во болницата се уште има тешко ранети и болни пациенти. Постои итна потреба да се испорача гориво за да се овозможи континуирана работа на уредите кои спасуваат животи. Се обидуваме да пристапиме до болницата „Насер“ бидејќи има луѓе на кои им е потребна помош“, изјави портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ, пренесе Ројтерс.


Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нивните војници продолжиле да ја пребаруваат болницата и дека досега уапсиле, како што рече, „повеќе од 20 терористи вклучени во масакрите на 7 октомври во Израел“, објави „Тајмс оф Израел“.

Елитната единица „Маглан“ и поморската единица пронашле минофрлачи, гранати и друго оружје на Хамас во болничката установа, истакнуваат од ИДФ.

Војниците на ИДФ влегоа во болницата во четвртокот, велејќи дека имаат информации дека таму се држат заложници и дека некои од киднапираните заложници можеби се уште се таму. Израелската армија наведува дека „ќе продолжи да спроведува операции во согласност со меѓународното право против терористичката група Хамас, која систематски врши операции во болниците и другите цивилни институции“, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK