СЗО: Растот на случаите на сипаници е алармантен во Европа

СЗО-Растот-на-случаите-на-сипаници-е-алармантен-во-Европа.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година имало алармантно зголемување на случаите на сипаници во Европа, каде што биле забележани триесет пати повеќе од претходната година, јавува Би-би-си.


Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни итни мерки за да се спречи ширењето.

Повеќе од 30.000 луѓе биле заразени во 2023 година, во споредба со 941 во цела 2022 година. СЗО верува дека причината е што помалку деца биле вакцинирани против болеста за време на пандемијата на Ковид.

„Видовме, во регионот, не само триесеткратно зголемување на случаите на сипаници, туку и речиси 21.000 хоспитализирани и пет смртни случаи поврзани со сипаници. Ова е загрижувачко“, рече регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге.

„Вакцинирањето е единствениот начин да се заштитат децата од оваа потенцијално опасна болест“, нагласи Клуге.

Малите сипаници можат да бидат сериозна болест на која било возраст. Од сите земји во европскиот регион е побарано да детектираат сипаници и брзо да реагираат на нејзиното ширење, давајќи им ја вакцината на повеќе луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK