СЗО: Мајмунските сипаници не се нова корона, знаеме дека го контролираме нивното ширење

1724158218_majmunski-sipanici.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, денеска изјави дека мајмунските сипаници, без разлика дали се работи за нов или стар вид, не е нов коронавирус, бидејќи знаеме како да го контролираме нивното ширење.


„Можеме и мораме заедно да се справиме со мајмунските сипаници. Значи, дали ќе избереме да воспоставиме системи за контрола и елиминирање на мајмунските сипаници на глобално ниво или ќе влеземе во друг циклус на паника и занемарување“, рече Клуге на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Мајмунските сипаници, вирусна инфекција која предизвикува симптоми слични на грип, обично е блага, но може да биде фатална.

Варијантата на тие сипаници, „Клејд 1б“, предизвика глобална загриженост бидејќи се чини дека полесно се шири преку близок контакт.

Случај на инфекција со оваа варијанта на вирусот беше потврден минатата недела во Шведска и е поврзан со растечката епидемија во Африка.

Клуге рече дека фокусот на новиот вид сипаница и дава шанса на Европа повторно да се фокусира на помалку сериозна варијанта на вирусот – „Клејд 2“, вклучувајќи подобри совети за јавно здравје и подобар надзор.

Секој месец во Европа се пријавуваат околу 100 нови случаи на варијантата „Клејд 2“, додаде Клуге.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK